Категории

6 видови главоболки: Делот од главата што ве боли ја открива причината

Не е секоја главоболка еднаква, овие 6 видови на главоболки се најчести и погаѓаат голем дел од луѓето. Поразлично се лечи мигрена или болката кај слепоочниците, а со превенција може да ја спречите таа болка…

Главоболка на едната половина на главата

Станува збор за мигрена која не е опасна главоболка, но е многу напорна за оние кои патат од неа бидејќи може да трае и 72 часа. Ќе ја препознаете по пулсирачката болка со умерен до јак интензитет, а заедно со тоа понекогаш се појавува и мачнина, како и пречувствителност на светлина и бучава.

Важно е да земете таблета против болки веднаш по појавата на првоте симптоми и да мирувате во мрачна и тивка соба.

Главоболка кога се чувствувате како да ви е стегната главата со обрач

Се работи за тензична главоболка која настанува постепено до среден интензитет на болка, а добивате чувство како некој да ви ја стега главата. Најчесто се појавува од стрес и најдобро решение е малку да поспиете.

Болка на едната страна на лицето, потечен капак

Овде станува збор за таканаречената „Cluster“ главоболка, која е јака и трае во циклуси од две недели до месец дена. Се појавува во одредено годишно време, а помеѓу два напади можат да поминат и години. Оние кои патат од оваа главоболка, за разлика од оние со мигрена, подобро се чувствуваат кога се движат. Болката се јавува на едната страна на главата и обично на таа страна од лицето се затнува носот или тече, капакот од окото потекува, окото е црвено, челото се поти. Овој облик е пет пати почест кај мажите.

Болка во пределот на челото

Во овој случај се работи за главоболка предизвикана од запаление на синуси. Болката може да се осети и на јаболчниците. Оваа болка се лечи со инхалација и туширање со топла вода (поради пареата која ја вдишувате).

На задниот дел од главата (кај вратот) и на темето

Овој вид на главоболка се јавува поради проблеми со ‘рбетот и вратот, на пример, може да се појави за време на долготрајно седење. Заштитете се малку, вдишете свеж воздух.

Болка во слепоочниците

Се појавува ако некој има пореметување со виличниот зглоб и води до тензична главоболка. Освен болката во слепоочниците, се појавува и болка во увото, лицето, потешкотии во отворањето и затворањето на устата, а се слуша и чкрипење кога вилицата се поместува. Препорачливо е да посетите доктор.

Прегледи:
6869
Објавено на:
06.02.2018