Категории

7 причини зошто доставата на храна е вистинскиот избор

Храната е составен дел од секојдневието, а истовремено претставува потреба но и големо задоволство. Но, понекогаш одзема многу време при приготвувањето, а и неретко ни се случува да немаме идеја што сакаме да јадеме. Токму поради тоа, доставата на храна е најдобриот начин да уживате во неа и да се храните здраво и разновидно, а ова се најголемите придобивки од неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Само еден клик ве дели од посакуваниот оброк

Храната има многу важна улога во снабдувањето со енергија и успешното извршување на обврските во текот на денот. Поради кратките паузи, оддалеченоста од омилениот ресторан како и презаситувањето од секојдневните оброци кои ви се на дофат, Кликни Јади е најдобриот начин да се храните разновидно, здраво и секогаш да го добивате омиленото јадење свежо и за само неколку минути. Сѐ е поедноставно кога само еден клик ве дели од вашиот посакуван оброк!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Брза, лесна и сигурна услуга

Страницата на Кликни Јади нуди прегледност и покрај големиот избор на ресторани, сендвичари и кафеани, така што секој кој ќе ја посети веднаш ќе успее да го нарача посакуваниот оброк. Освен тоа, оброкот го добивате за краток период со помош на професионалниот тим на Кликни Јади кој ви нуди брза и сигурна услуга во секое време.

Визуелен приказ на оброците 

Се ближи време за ручек а сѐ уште немате идеја што да нарачате? На страницата на Кликни Јади имате визуелен приказ на сите кујни како и мениата кои ги нудат, а откако ќе видите како изгледаат оброците сигурно ќе добиете идеја што да нарачате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Без недоразбирања и непријатности

Онлајн нарачките преку веб страната на Кликни Јади нудат комплетна транспарентност, без недоразбирања и непријатности како и без скриени трошоци. Сѐ она што сакате да го добиете во својата достава ќе ви биде испорачано за краток период.

Заштедувате време 

Со нарачувањето на храна преку Кликни Јади заштедувате многу време без разлика дали станува збор за достава на работното место или пак во вашиот дом. Зошто да го изгубите поголемиот дел од паузата на работа залудно додека го купите појадокот или пак додека го приготвите кога имате можност со еден клик да добиете совршен оброк навреме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Совршено изненадување за саканата личност

Храната е тесно поврзана со романтичните мигови. Не чекајте повод да ја изненадите саканата личност со романтична вечера. Направете го тоа спонтано, нарачајте го нејзиното омилено јадење и уживајте во прекрасните моменти во комбинација со вкусна храна.

Идеално решение за деловни ручеци и состаноци

Кога станува збор за деловните ручеци и состаноци, познато е дека тие обично траат подолго од предвиденото, па затоа погрижете се соработниците да добијат вкусна храна, доставена за само неколку минути. Освен тоа, Кликни Јади ви овозможува целата сума да ја платите на фактура, а доколку вашата нарачка е над 2000 денари, доставата е бесплатна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on