Категории

7 зборови кои ние често ги користиме, а Кејт и Меган не смеат да ги изговорат

Кејт Мидлтон и Меган Маркл, сопруги на принцовите Вилијам и Хари, заради својата титула морале да се откажат од многу работи кои порано можеле сосема нормално да ги прават, но и да ги изговараат.

Освен бришењето на приватните профили на социјалните мрежи, модните правила кои мораат да ги почитуваат и однесувањето во јавност на кое треба посебно да внимаваат, на војвотките исто како и на останатите членови на кралското семејство им е забрането да употребуваат одредени зборови во текот на разговорот. Авторката на книгата „Watching the English“ која открива бројни правила и обичаи во дворецот, за британскиот Mirror открива и кои 7 зборови членовите на кралското семејство не смеат да ги изговорат.

1. Пардон

Иако се чини како најсоодветен начин да се извините, или пак на некој да му дадете до знаење дека не сте го слушнале што кажал, членовите на кралското семејство не смеат да го употребат овој израз, па затоа го користат зборот „sorry“.

2. Тоалет

Зборот е од француско потекло и широко се употребува и разбира низ светот, но во кралскиот двор е забрането да се користи, па наместо „тоалет“- се употребува „loo“, што е еден од изразите од англиско потекло.

3. Парфем

Да се каже некому дека убаво му мириса парфемот, во дворот се смета за непристојно и несоодветно. Така војвотките никогаш нема да кажат дека им се допаѓа парфемот на некоја личност, туку ќе го употребат изразот „scent“, што значи „мирис“.

4. Чај

Во Англија пиењето на попладневен чај е дел од културата, а Англичаните најчесто „повикот за чај“ го употребуваат кога сакаат некого да поканат на вечера. Сепак, во дворот тој израз не се употребува на тој начин, туку практикуваат да кажат „вечера“ или „оброк“.

5. Дневен престој

Иако палатата располага со многу простории за дневен престој, тој термин не се употребува. Кога сакаат некому да му кажат да оди во собата за дневен престој, го користат изразот „соба за цртање“, или британската верзија на „living room“ која гласи „sitting room“ што во буквален превод значи соба за седење.

6. Posh

Во англискиот јазик терминот „posh“ означува отмена личност, но во кралскиот двор го избегнуваат користењето на овој израз. По очекувано е за некого да кажат дека е паметен, отколку дека е отмен.

7. Десерт

Кога имаат желба за нешто слатко, членовите на кралското семејство нема да побараат десерт. Наместо тоа, ќе го употребат терминот „puding“.