Категории

8 клучни особини на културните луѓе

„Животот има свои услови. За човек да биде прифатен меѓу образованите луѓе, мора да биде културен“, порачува во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов, составувајќи список од услови кои ги исполнуваат културните луѓе.

1.Тие ја почитуваат човековата личност и затоа секогаш се љубезни, внимателни, учтиви и спремни да помагаат на другите.

2.Сочувствителни се спрема сите, не само спрема просјаците и мачките. Се грижат за она што не се гледа, и се спремни да се жртвуваат со цел да им помогнат на другите.

3.Ја почитуваат туѓата сопствност, и затоа ги враќаат своите долгови.

4.Искрени се и ја презираат лагата. Не лажат дури ни кога се ситници во прашање. Лагата го навредува соговорникот и го понижува во очите на говорникот. Не позираат, се однесуваат исто и на улица и во својот дом, не се прават важни пред своите скромни пријатели. Не се склони кон дрдорење нити ги оптеретуваат другите со непобарани исповеди. Од почит спрема туѓите уши, повеќе молчат отколку што зборуваат.

5.Не се понижуваат себеси за да предизвикаат сожалување. Не играат на картата на туѓата чувствителност да би добиле внимание. Не кажуваат „Мене никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“, затоа што тоа се ефтини и вулгарни трикови.

6.Не патат од плитка суета. Не се грижат за лажните вредности, познанства со познати личности или со тоа самите да бидат познати. Ако направиле нешто значајно, не прават од тоа најважно нешто на светот, не се фалат дека имаат пристап онаму каде што другите немаат. Тие се навистина талентирани и секогаш се држат понастрана од рефлекторите и рекламирањето.

7.Ако имаат декоја дарба, ја почитуваат. Понекогаш жртвуваат нешта поради неа, горди се на својата дарба но и се премногу посветени.

8.Имаат развиено чувство за убавото, естетското. Не одат на спиење во облека, одржуваат чистота во просторот. Водат грижа да ги контролираат своите нагони и во спротивниот пол не гледаат само како на „сексуален облект“. Тежнеат кон оригиналноста, отменоста, човечноста, се восхитуваат на мајчинските чувства. Не се опиваат, туку пијат алкохол само во посебни прилики, затоа што сметаат дека не се свињи. Се држат до мотото mens sana in corpore sano – Во здраво тело, здрав дух.