Категории

80% од секој разговор е озборување…Вистините за човечката природа кои ќе ве изненадат

Човечката психа е секогаш непредвидлива, а човечката природа е полна со изненадувања. Истите биле предмет на истражување долго време, а научниците често доаѓале до интересни и изненадувачки откритија. Ова се вистините за човечката природа кои можеби ќе ве изненадат.

Луѓе со висок IQ имаат малку пријатели

Постојат многу изтражувања кои покажаа дека луѓето со висока интелигенција имаат значително намалена потреба да бидат во друштво. Покрај тоа, имаат малку пријатели кои не ги гледаат често.

Депресијата ја менува перцепцијата на бојата

Депресијата се поврзува со боите и метафоричното, затоа често кога сме депресивни велиме дека светот ја изгубил бојата. Всушност, постојат научни докази за тоа. Мрежницата на окото во депресивната состојба губи способност да ги контрастира боите.

Кога зборувате за плановите, ја намалувате шансата да ги постигнете

Многу интересна, но вистинита констатација. Сите сакаме да зборуваме за нашите планови и цели во иднина за кои се залагаме. Сепак, самата приказна за нив во голема мера ни ја дозема силата и способноста за реализација. Зошто се случува ова? Мозокот сите изговорени зборови ги перцепира како веќе направени работи.

Познавање на странски јазици ни помага во донесување одлуки

Кога треба да донесете важни одлуки, подобро е да го направите тоа размислувајќи на странски јазик. Во овој случај одлуката ќе биде порационална, бидејќи кога размислувате на мајчиниот јазик, на проблемот секогаш гледате емотивно.

80% од секој разговор е озборување

Озборувањето е усна форма на пренесување на информации, а подразбира изменета вистина. Озборувањето е, исто така, важен дел од историјата на комуникацијата меѓу луѓето. Она што е шокантно е сознанието на социолозите кои веруваат дека 80% од секоја размена на информации е, всушност, озборување.

За воспоставување на доверба е доволно 20 секунди

Се работи за воспоставување на доверба кон личноста која ја прегрнавме. Ова се објаснува со создавање на чувство на сигурност и поврзување. За таквото чувство е доволно 20 секунди разговор.

80% од нашите мисли се негативни

Научниците велат дека секој ден ни текнуваат помеѓу 12 и 60 илјади мисли! Што значи дека човечкиот мозок е помоќен од било кој комјутер. Сепак, дури 80% од овие мисли се негативни, а најчесто се повторуваат секој ден. Ова се смета за сосема нормална појава.