Категории

81-годишна пензионерка се омажила за 35-годишен младич – „Првата ноќ се чувствував како девица“

Британката Ирис Џоунс има 81-година и неодамна го кажа судбоносното „да“ на египѓанецот 35-годишниот Мухамед Ахмед. Таа е во брак со 46 години помладиот египќанец а за националните медиуми проговори за нивната врска без влакна на јазикот.

Блиските на Ирис се плашат дека Мухамед од Ирис бара пари и државјанство, што тој остро го негира.

„Не сакам нити државјанство а ни пари. За мене е сосема во ред вака и се снаоѓам со она што го имам, фала богу“ – вели египѓанецот.

 

Ирис од друга страна реши да гостува во една од најгледаните национални програми со цел да му објасни на целиот свет за што се работи.

„Кога за прв пат отидов во Египет да го запознаам, се чувствува како да сум повторно девица. 35 години пред ова никој не ми пришол на таков начин“ – започн таа а таа сподели и детали од кои водителите зацрвенеа.

Ирис и Мухамед се запознале по фејсбук, а египетските медиуми сега „вријат“ за овој брак. Мухамед исто така се појави во британските медиуми за да ги критикува што го нарекуваат „играчка на Ирис“.

„Јас не сум играчка, јас сум маж. Лут им сум на медиумите кои така ме нарекуваат. Ова што Ирис и јас го имаме не е игра, туку љубов“ – порача тој.

 

Прегледи:
662
Објавено на:
29.11.2020