Категории

92-годишна баба го оствари сонот да облече венчаница – Поради бојата на кожа кога се омажила не смеела да влезе во бутик и да купи

Баба Марта од САД се омажила одамна, но не можела да облече вистинска венчаница затоа што афро-американските жени во тоа време не смееле да влегуваат во бутици. Нејзината внука и ја исполни желбата Марта Мее Офелија Мун Такер (94) од Бирмингем, Алабама се омажи во 1952 година.

Во тоа време, на афро-американските жени не им беше дозволено да влегуваат во салони за венчаници, па затоа таа за својата забава носеше темносин фустан, пишува Фокс њуз. Неодамна, скоро 70 години по сопствената венчавка, таа проба вистинска венчаница од салонот и нејзината желба се оствари. Филмот „Доаѓајќи во Америка“ го гледала со своето внуче Ангела Строзиер. За време на сцената на венчавката, баба Марта и откри на својата внука дека цел живот сонува да облече венчаница. Нејзината внука реши да и помогне на нејзината баба да го оствари својот сон. Неколку дена подоцна, внуката ја однела својата баба во блискиот бутик за невести.

Пресреќната баба испробала две венчаници, а за да ја направи што подобра атмосферата, внуката ја однела на шминка и коса пред пробата. Кога пристигнале во бутикот, внуката им ја објаснила на вработените ситуацијата.

„Тие беа пресреќни и воодушевени од мојата идеја. Тие беа воодушевени што токму тие ќе и дозволат на баба да и го оствари сонот. Тие и помогнаа во изборот, и го наместија фустанот и ја примија како вистинска невеста“ – вели внуката и додава дека бабата била пресреќна.

„Ова искуство беше прекрасно и посебно за мене. Им реков: Го чекав овој миг целиот мој живот. Дајте ми фустан “, вели веселата баба.

Прегледи:
535
Објавено на:
23.07.2021