Полициската станица близу Болоња, Италија, примила необичен повик од еден 94-годишен старец за време на Божиќ. Старецот изјавил дека е осамен и сака полицајците да одат кај него за да има со кого да наздрави.
„Имам се, единствено ми недостига човек со кого ќе размениме празнични честитки“
Фјоренцо Карабињери има 94 години а на божиќната ноќ бил сам и осамен, па ги повикал полицајците и ги замолил доколку можат да навратат на десеттина минути за да наздрават заедно.
Полицајците веднаш пристигнале кај Фјоренцо, наздравиле, се сликале и му помогнале преку видео повик да разговара накратко со роднините кои живеат далеку, а неговата приказна заврши на насловните страни на медиумите.
Полицајците навратиле кај Карабињери и наредниот ден и му ја донеле фотографијата ставена во рамка која ја сликаа претходниот ден.
„Бев возбуден, тоа за мене беше магија“, рече Фјоренцо, стогодишниот ветеран во Втората светска војна.