Човекот на видеото е веројатно најдобриот и најзабавниот аниматор досега. Дури може без никакви ограничувања да биде прогласен за „Вујко на годината“. А смеењето на неговиот внук Маргот ќе го докаже истото.
На видеото, мажот ја чита познатата „Brown Bear, Brown Bear, What Do You See?“ напишана од Бил Мартин и илустрирана од познатиот илустратор и дизајнер Ерик Карл. Книгата, најмногу позната меѓу малите дечиња и родители е прв пат објавена во средните 60-ти години и до денешен ден ја забавува најмладата публика. Како да не е доволна книгата, овој неверојатен вујко го забавува својот внук со неговите несекојдневни и луди звуци, а тој слатко се смее.
Во еден момент, тој се обидува да го промени својот глас. Но кога малиот Маргот не реагира на истиот, тој повторно се враќа на претходниот глас, а малото бебе не се обидува да се воздржи!