Четиригодишно девојче ја доби честа да помине еден ден како библиотекарка во најголемата библиотека на светот. Причината за тоа е што тоа веќе има прочитано повеќе од 1.000 книги.
Малата Далија Мари Арана од САД започнала да чита на 2-годишна возраст и веќе има прочитано повеќе книги од голем дел од возрасните. Кога Далија имала 3 години, нејзината мајка ја вклучила во детска програма наречена „1.000 книги пред градинка“, цел која девојчето ја постигнало месеци пред да тргне во градинка оваа есен. Нејзина нова цел е дотогаш да прочита 1.500 книги.
Во чест на нејзиното големо постигнување, Далија била поканета во Конгресната библиотека во Вашингтон, која е најголемата библиотека во светот, а ѝ е омилена на надареното девојче. Библиотекарката Карла Хајден објави фотографии од настанот на Twitter.
It was fun to have 4-year-old Daliyah Marie Arana of Gainesville, GA as “Librarian For The Day.” She’s already read more than a 1,000 books. pic.twitter.com/MQfwlUrakO
— Carla Hayden (@LibnOfCongress) January 11, 2017
„Таа постојано повторува дека Конгресната библиотека е нејзина најомилена библиотека на целиот свет“ – вели мајката на Далија, Хелима.
„Отсекогаш сум сакала да читам и сакав да им го предадам тоа и на моите деца“ – додава таа.
Далија за странските медиуми изјавила дека се надева дека ќе прочита 100.000 книги.
Пред неколку месеци, на YouTube се појави видео во кое таа чита книга.