Пилешко месо приготвено со многу зеленчук за кусо време, и најважно од се-можете да го јадете и на работа. Примамливо, зарем не?
Поради долгите работни часови, за жал многу често забораваме или немаме време да помислиме на нашето тело и здравје. Се одлучуваме за нездрава и брза храна, која единствено не надополнува со вишок калории и го нарушува нашето здравје. Зошто таа да биде нездрава, кога може да биде токму спротивното? Погледнете!