Категории

Ви откриваме: Што ја тера жената на неверство…

Новата студија објавена во Archives of Sexual Behaviour открива дека врз женската желба за изневерување влијае долготрајното и специфично однесување во сексот.

Ако жената долго и постојано глуми оргазам, својата среќа во сексот може да ја побара со некој друг, открива новото истражување. Интезитетот и количеството на оргазмите не влијаат врз желбата жената да изневерува, но глумење оргазми во подолг временски период влијае врз потребата за исполнување на сексуалните потреби надвор од врската.

Сексуалниот терапевт Теми Нелсон открила за The Sun дека повеќе од 50% жени глумат оргазам за време на сексуалниот однос, а дури 80% од нив го признале тоа.

„На повеќето жени им треба дирекна стимулација на клиторисот во времетраење од 7 до 45 минути, а ако не го покажат своето задоволство со некоја физичка потврда, нема ниту да знаете дека е блиску“, ги објаснува Нелсон реултатите од истражувањето.

Претходните истражувања покажале дека кај жените кои глумат оргазам се чувствувало незадоволството во сексуалниот живот кој го имаат со партнерот. Исто така, поретко разговараат или воопшто не разговараат за своите сексуални желби, што предизвикува барање задоволство на друго место.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 138 жени и 121 маж во хетеросексуална врска. Прашањата се базирале на нивните сексуални навики, исполнетост во сексот, климакс и изневерување.

Прегледи:
334
Објавено на:
06.03.2017