Категории

Предпразничен хуманитарен настан во основното училиште за деца со посебни потреби „Иднина“

Хуманоста е повеќе од збор, хуманоста е дејствување, хуманоста значи подадена рака, хуманоста е дела. Доблеста на секој човек е да биде хуман , а хуманоста е во секој од нас и се уште е жива.

Асоцијацијата за едукација, спорт култура и здравје ЕДУКО ПЛУС континуирано работи на проекти од областа на заштитата на децата и младите, но со посебен акцент на децата со посебни потреби.

ЕДУКО ПЛУС по повод големиот христијански празник Велигден, а со цел да внесат радост и среќа во нивните срца на ден 12.04.2017 (среда) со почеток во 12:30 часот во холот на основното училиште ПОУ „Иднина“ ќе се одржи кратка приредба по повод празникот, организиран од учениците од школото. На приредбата ќе учествуваат и гости од детската естрада и Павлина Бојковска- аниматор  од ПАНАН кој во ликот на  Елза ќе им ги подели пакетчињата на децата.

Покрај оваа централна манифестација, велигденските подароци ќе бидат поделени и  во училиштата ДСУ „Св. Наум Охридски“ и ПОУ„ Златен Сремац“ во наредните два дена- 13.04.2017 (четврток) и 14.04.2017 (петок).

Едуко Плус и хуманите луѓе од групацијата Новоматик, поточно четирите компании на македонскиот пазар: ХТЛ Македонија, МА Гаминг (Адмирал електронски казина), Мастербет (Астра електронски казина) и Макотен ( Казино Фламинго Хотел), кои безрезервно го поддржија целиот проект, ќе ги израдуваат дечињата со пакетчиња со подароци кои го симболизираат овој наш најголем празник и заедно да им го направиме животот за миг посреќен.

Секогаш постојат хумани луѓе и луѓе на кои им е потребна хуманоста. Среќа е да се биде хуман.