Категории

Спиење во транспарентна капсула на перувианските Анди? Можно и неверојатно!

Светата долина или Долината Урубамба е долина во Андите во Перу, во близина на главниот град на Тавантинсују, Куско и под познатиот Мачу Пикчу.

Општо земено е дека долината се протега од Писак до Олантајтамбо, паралелно со реката Урубамба. Во долината има доста реки и поради тоа има многу аргеолошки локалитети во истата.

Во оваа долина има и нешто навистина возбудливо, транспарентна капсула која овозможува да спиете буквално во воздух со поглед на планината и светата долина.

Компанијата Natura Viva е зад оваа возбудлива понуда. Се работи за простории сместени 24 метри висина, а изработени од алуминиум и поликарбонат.

За да преноќите тука ви се потребни „само“  300 долари за ноќ, а качувањето до вашето преноќувалиште е преку скала со 400 скалила.

Оваа е дефинитивно авантура која ретко се доживува и не се заборава.

Прегледи:
418
Објавено на:
19.04.2017