Категории

Зашто косата паѓа за време на бременоста

За време на бременоста косата побрзо расте и и се менува текстурата, но скоро 50 проценти од жените имаат проблем со опаѓање на косата.

Цуклусот на растење на косата се одвива во две фази, активна и пасивна. Скоро 90 проценти од косата расте константно, а околу 10 проценти е во фаза на мирување. Откако ќе помине таа фаза косата паѓа и расте нова.

Секој ден губиме околу 100 влакна. За време на бременоста, зголеменото ниво на естрогенот ја продолжува фазата на растење и го намалува опаѓањето поради што косата постанува погуста и посјајна.

Промената на хормоналната рамнотежа влијае и на растот на косата но и на нејзината текстура. Не е необично рамна коса да стане виткана, како и таласаста да стане рамна.

Покрај тоа косата може претерано да се мрси или па да се суши, но тоа веќе зависи и од генетиката.

Опаѓање на коса

Освен позитивните страни, кога е во прашање косата, бременоста има и негативни. Скоро 40 до 50 проценти од жените имаат проблем со претерано опаѓање на косата поради хормонален дисбаланс. Овие промени се најчести во првите месеци од бременоста и до три месеци по пораѓањето.

За време на бременоста високото ниво на хормон го спречува претераниот губиток на коса, но по пораѓањето, неговото ниво драстично се намалува што доведува до опаѓање на косата. Најчесто паѓа во линија на челото. Веќе по 12 недели од пораѓањето, косата полека се враќа во нормала, а целосно заздравување може да се очекува од 6 до 12 месеци.

Нега на косата за време на бременоста

Опаѓањето на косата за време и по бременоста може да се намали со правилна нега. Најдобар избор се шампоните со силикон кои го обвиваат влакното, ги омекнуваат кутикулите и го спречуваат сушењето. Меѓутоа, ни со нив не треба да се претерува, бидејќи може да се постигне обратен ефект т.е од премногу силикон косата може да стране мрсна.

Косата треба да се чешла од врвовите према коренот, за да се намали кинењето на влакната. Треба да се избегнуваат и пунџи и плетенки кои премногу ја затегнуваат косата.

Покрај негата важна е и исхраната. Најдобар избор се состојки богати со антиоксиданси кои ги штитат фоликулите од потикнуваат побрз раст. За појака коса треба да се јаде грашак, морков и ореви. Помагаат и витамини како Ц и Б, цинк, но пред зимање на било какви суплементи за време на бременоста мора да се советувате со докторот.

Следете ја среќата на инстаграм. 

Прегледи:
508
Ознаки:
·
Објавено на:
22.04.2017