Категории

Модни комбинации во НЕУТРАЛНИ тонови

Неутралните тонови веќе неколку сезони со ред доминираат во модниот свет, и слободно може да се каже дека полека ја симнуваат црната боја од „тронот на класиката“.

Оваа пролет бирајте парчиња во земјени тонови како беж, сива и кафеава во комбинација со бела боја. Овој таканаречен „чист“ изглед дава ефект на стилска икона која се движи по ритамот на елеганцијата и софистицираноста. Оваа палета на бои одлично стои на секого а и се вклопува во секакви прилики, од деловен и дневен опуштен изглед, до вечерен и гламурозен..

Прегледи:
659
Објавено на:
06.05.2017