Правењето декорации од храна е навистина интересно кога имате некој роденден, прослава или било каква забава.
Го надополнувате просторот со нешто интересно кое сигурно сите гости ќе го забележат, а ова се одлични идеи особено за децата.
Потребно ви е:
- 1 круша
- грозје
- две каранфилчиња
- црна маслинка
- чепкалки за заби
Крушата ја чистите и ја пресекувате на половина, каранфилчињата ќе ви послужат како очи за ежот, додека маслинката за нос. Наредете го грозјето со чечкалици и добивате слатко овошно еже.