Насмеаните лица кои ве будат секое утро на Телма, во саботата го прославија првиот роденден. Во прекрасна атмосфера, со многу позитивна енергија и во друштво на своите многубројни пријатели, организираа забава за паметење.
“Подолг временски период работевме на организацијата за роденденската прослава и сега откако помина истата, многу сме среќни бидејќи зад нас е уште една незаборавна ноќ со многу, многу драги пријатели и соработници со кои заеднички израснавме и постигнавме многу работи за само 1 година. Иако краткотрајниот дожд буквално уништи дел од декорациите, за среќа не го уништи расположението на гостите. Некои велеа дека дури е и за бериќет… и можеби навистина е така. Ние сме весела екипа, верувам дека сите скоро не препознаваат по позитивната мисла и енергија, па и забавата до крајот на вечерта продолжи во таа насока. Првиот роденден на Утринска на Телма ќе си го паметиме по многу пеење и забава со убави и драги луѓе. Им благодариме на сите кои не испочитуваа таа ноќ”, вели Цеце Трајковска, еден од водителите на Утринска на Телма.
Ваков креативен и успешен тим, заслужува и оригинален подарок за својот роденден, па затоа пријателите од Среќа.мк и Happiness.marketing им го честитаа овој јубилеј со уникатни престилки кои ја истакнаа убавината на домаќините и потполно се вклопија во нивниот изглед. Кога работата претставува задоволство, успехот е неизбежен, па затоа сме сигурни дека ќе прославиме уште многу родендени заедно, секоја наредна година уште поискусни и поуспешни од претходната.