Категории

Фотограф приготвува појадоци за неговата љубов, а тоа изгледа симетрично и прекрасно

Необичен концепт од разновидна кујна, современ дизајн и љубовна приказна е описот на SymmetryBreakfast  или „Симетричниот појадок“.

Создаден од, сега познат инстаграмџија, а инаку фотограф на храна и посветен сопруг Michael Zee. Шангајскиот фотограф создава со љубов, за љубов. Симетрични појадоци за неговата љубов преку кои стана надалеку познат и се издвои со неговата уникатност од многуте чија пасија е фотографирањето на храна.

Скоја слика има слична поставеност, 2 главни чинии во зависност од храната, кои се симетрично поставени и исполнети со пропорционална количина на храна. Фотографирани одозгора, покрај уметничкиот шмек кој го имаат, од фотографиите може да се забележи и доброто приготвување на истата.

 

Прегледи:
466
Објавено на:
25.05.2017