Американската компанија „Рокит леб“ лансираше ракета во вселената од Нов Зеланд, со што го направи првото ракетно лансирање од приватна локација.
Ракетата „Електрон“ е долга 17 метри, лансирана е од полуостровот Махиа, соопшти компанијата. Ова е прв пробен лет од Нов Зеланд и голем чекор во ширење на пазарот за лансирање евтини ракети кои пренесуваат мали сателити и друг товар.
Оваа компанија планира да почне чести комерцијални лансирања во текот на 2017 година, јавува Би-би-си.
Извор: Макфакс