Категории

(ФОТО) Ги стаписа пријателите на Фејсбук: Уште еден македонски пејач рипна во тавче?!

На македонската естрада и тргна со венчавки и бебиња, така што речиси секојдневно сведочиме на нови запросувања и свечености кај познатите кои секако носат позитива.

Неготинчанецот Александар Белов кој неколку години е во врска со својата сакана Јелена, вчеравечер на социјалните мрежи ги изненади своите пријатели, роднини и следбеници со фотографија од која повеќето помислија дека Белов решил да застане на „лудиот камен“.

Фатени рака за рака и дотерани во свечена облека, тој во костум , а таа во црвена тесна тоалета, ги асоцираа сите дека ова лето решиле да си се ветат еден на друг.

Бидејќи гулапчињата останаа дискретни со описот на фотографијата, повеќето веднаш го поставија прашањето во коментар дали Александар и Јелена се решиле на тој убав чин.

Сепак, Белов не чекаше многу за да се шират шпекулации, па одговори дека кога навистина ќе се земат ќе им покаже на сите како што треба, а овој пат само ќе се веселат за среќата на некој од блиските.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
398
Објавено на:
15.06.2017