Категории

Со јога до намалување на болките во грбот

Доколку имате болки во грбот, веројатно последно на што ви паѓа на памет да правите е јогата. Но сепак тоа би ви било навистина паметно.

Едно истражување покажало дека после 12 недели од слаба, почетничка јога, болките во грбот се намалиле, како кај луѓето кои имале регуларни физикални терапии. Всушност секој вид на вежбање дало позитивни резултати.

Доколку би сакале сами да пробате водичот за јога движењата го има он онлајн . Позите се базични и не бараат посебно ниво на флексибилност или сила. Учесниците во истражувањето не биле искусни во јогата, тоа биле 320 луѓе со болки во грбот, немале посебни повреди, туку болка за која медицината не можела да најде објаснување.

Секоја недела имале по еден час јога, а имале задача да вежбаат секој ден по 30 минути. Пред да започнат со програмата, 70% од учесниците користеле апчиња за болка, а после програмата, бројката се намалилна 50%.

Иако, секако дека јогата не прави чуда, факт е дека помага и ја олеснува болката.

 

Прегледи:
441
Објавено на:
25.06.2017