Категории

Дали е можно да се забремени за време на месечниот циклус?

Пред да се појасни поради што е можно да се забремени за време на менструацијата, корисно е да се знае како всушност доаѓа до бременоста.

Женското тело минува низ процес, кој се нарекува овулација. Овулацијата се случува кога зрелата јајце клетка (или неколку јајце клетки) се ослободуваат од јајниците и тоа е плоден период на женскиот циклус. Секој месец во јајниците созреваат неколку јајце клетки, а вообичаено една излегува во јајоводите и тогаш е подготвена да биде оплодена од сперматозоид. Кога ќе дојде до средба меѓу сперматозоидот и јајце клетката резултатот може да биде бременост.

Ѕидот на матката во овој период се здебелува, со цел матката да се подготви за зачнување. На тој начин матката е подготвена да ја прими оплодената јајце клетка од која ќе се развие дете. Доколку не дојде до оплодување, нивото на естроген и прогестерон се намалува, здебелениот ѕид на матакта се лупи и доаѓа до појава на крварење, односно месечен циклус.

Шансите да забремените за време на циклусот се помали, отколку во друг период, меѓутоа тоа е можно.

Имено месечниот циклус не е секогаш ист. Жените имаат мошне различни месечни циклуси и некои од нив имаат крварења и меѓу циклусите, кои не се менструација. Стрес, болест и многу други работи можат да предизвикаат спречување на крварењето или крварење и кога немаат месечен циклус, па лесно може да се направи грешка, кога всушност сте имале менструација и на тој начин е тешко да се пресметаат плодните, односно неплодните денови.

Овулацијата не е целосно сигурна. Жените ги отпуштаат јајце клетките околу 12. до 16. ден пред менструацијата, меѓутоа тоа може да се случи и порано и подоцна.Освен тоа жените кои немаат месечен циклус поради малата килажа или преголемата, бидејќи дојат, бидејќи се пред менопауза, имаат некоја болест или земаат некои лекови, можат да имаат целосно непредвидлива овулација. Истражувањата покажале дека сперматозоидите во телото можат да преживеат и до седум дена, иако просечниот век е три до четири дена.

Бременоста може да се случи и за време на циклусот, бидејќи сперматозоидите во телото можат да останат неколку дена, а на жената може да и се случи да овулира набргу по менструацијата.

Прегледи:
497
Објавено на:
08.07.2017