Категории

Вежби кои ќе ве спасат од вкочанетост при патување

Во периодот кога повеќето патуваат, а тоа вообичаено е на долг пат, многумина од нас се вкочануваме од возењето, без разлика дали се возиме во автомобил, авион или воз.

Токму затоа не треба да тргнете на пат ако сте изморени. Најпрво одморете се, па потоа тргнете.

Изберете лесна и памучна облека, покријте ги прозорците за да не ви навлегуваат сончевите зраци и земете многу течности. Важно е положбата на седење да ја менувате почесто, за да не дојде до застој на циркулацијата.

Ви предлагаме неколку вежби кои може да ги правете доколку патувате.

Стапала

Потрудете се да ги оптегнете стапалата и да ги раширите прстите на нозете држејќи ги така неколку секунди, а потоа соберете ги. Раздвижете го стапалото со кружни движења, а кога ќе излезете разодете се и постојте малку на прсти и на пета.

Нозе

Притиснете ги колената од надворешната страна со рацете, активирајќи ги мускулите на натколеницата. Можете да правите благ притисок на мускулите на задникот со тоа што најпрво ќе го стискате горниот дел па потоа и долниот. Можете и да ги спојте колената и да ги стиснете силно мускулите на задникот на тој начин што и телото ќе се подигне.

Стомак

Активирајте ги мускулите на стомакот на тој начин што стапалата ќе ги придвижувате зад седиштето, па ќе ги истегнете и нозете. Ако сте во можност направете кружни движења на горниот дел од телото, а ако не, тогаш само свртете се на десна и на лева страна наназад. На тој начин ќе го раздвижите и вратот.

Глава

Откако ќе го раздвижите малку вратот, спуштајте ја главата од лева, па од десна страна накај рамената. Потоа спуштете ја брадата што е можно подолу, а потоа исправете ја нагоре. Ќе почувствувате затегнување на жилите и мускулите на вратот.

Раце

Навалете се на рацете за седиштето со што ќе ги приближувате рацете поблизу до грбот. Потоа правете кружни движења кај лактовите нанапред и наназад.

Прегледи:
355
Објавено на:
17.07.2017