Ви споделуваме брз и едноставен рецепт како да направите одличен хидратантен балзам за усни со само неколку состојки од вашата кујна. За разлика од балзамите произведени со разни хемикалии кои можат да ја иритираат кожата на усните, овој балзам содржи природни состојќи кои ги заштитат од сушење и лупење.
Се што ви е потребно е:
-пчелин восок или вазелин
-шеа путер
-масло од кокос
Начин на подготовка:
Додадете ги сите состојќи во метален или стаклен сад и стопете ги на оган. Добиената смеса добро промешајте ја и додадете есенцијално масло по желба. Смесата додадете ја во стаклено кутивче и оставете ја да се стврде, откако ќе се стврдне веќе го имате домашниот балзам кој можете да го нанесувате во секое време.