Категории

Како на најбезболен начин да поминете преку разводот: Искрена исповед на скршени жени како водич за животот по бракот!

Некои разводи се завршуваат мирно и со договор, додека од друга страна има парови на кои малку им фали да го изгубат здравиот разум…

Постојат многу филмови, серии и раскажани ориказни кои покажуваат како разводите се завршуваат, но како е тоа навистина? Што на ѓените им паѓа на памет кога е крај на се и официјално веќе не се во брак со човекот кој мислеле дека ќе им биде единствен до крајот на животот?

– “Кога се` се заврши, јас и мојата најдобра другарка отидовме на долга прошетка. Застанавме на еден мост од кој ги фрлив сите документи од нашиот развод. Потоа се вративме дома, се пресоблековме и излеговме во диско” – Тамара, 42

– “Почнав да одам во теретана и го доведов моето тело во неверојатна форма. Никогаш не сум имала проблем со килограмите, но на мојот бивши никогаш не му бев доволно добра. Сега изградив самодоверба, но и мускули.”- Ксенија, 30

– “Отидов до реката и ја фрлив бурмата во неа.” – Тијана, 28

– “Си го вратив девојачкото презиме – Катарина, 40

– “Се запишав на часови по боречки вештини. Тренирав секој ден и се натпреварував во неколку борби.” – Кристина, 27

– “Бев заробена во лош брак 23 години и на моето лице јасно се гледаше незадоволството. Само што се разведов отидов на лифтинг на лицето, за да се разубавам и потоа продолжив со животот. Сега сум многу среќна.”- Доротеа, 52

– “Скокав од авион. Иако се плашам од висини, тој скок ми го означи новиот почеток, но и ми помогна да заборавам низ што се` поминав.” – Јована, 32

– “Мојот бивши и јас отидовме на заеднички доручек. Иако бевме во шок, се чувствувавме релаксирани зошто се` е готово. И ден денес се дружиме од време на време” – Катерина, 43

– “Конечно направив нешто без ничија дозвола – излегов со другарките во друг град. Знам дека е мала работа, но се чувствував неверојатно слободно.”, -Јелена 35

– “Плачев. Само што се разведовме, се стана некако реално: толку изгубени сништа и скршени ветувања. Се чувствував ко да сум станала само уште една статистика. Но, понекогаш плачењето е баш тоа што е потребно за да ја подигнете главата и да продолжите понатаму” Елена, 35

Прегледи:
520
Објавено на:
25.07.2017