Категории

Утре е голем празник-на Преображение ова мора да го направите!

Православната црква и нејзините верници утре, 19 август, го одбележуваат празникот посветен на Богородица, Преображение.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од тогаш ноќите стануваат поладни како и дека од тој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Како што се верува, од утрешниот ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро тој дена да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

Прегледи:
349
Објавено на:
18.08.2017