Категории

Одберете го омилениот парфем според карактерот

Сигурно барем еднаш во животот сте се вратиле насмеани дома бидејќи конечно сте го пронашле вистинскиот парфем за вас. Но, по некое време сфаќате дека сепак не одговара на  вашиот карактер и навики и поинаку мириса на вашата кожа.

Имено, секој парфем реагира поинаку на различна кожа, а причините за тоа е многубројни. Од pH вредноса на кожата па се до температурата на телото. Затоа кога сакате да видите дали ви одговара приложениот парфем, прснете директно на кожата а не на ливчето за тестирање.
Но, парфемот треба да го одберете водејќи се според својот карактер.

Авантуристи

Доколку сте со отворен дух, снаодливи и секогаш спремни за авантура, веројатно знаете точно што барате кога ќе влезете во парфимерија. Сосема е сигурно дека тоа се ориентални, јаки парфемикои во себе содржат мирисни ноти на цитрус или цвеќе како што е јасминот. Тотално секси!

Спортски тип

И спортските типови се љубители на природата, па затоа при избор на парфем најважна им е свежината. Цитрусни ноти, како портокал или лимон се вистинскиот избор за нив.

Класичари

Доколку не сте склони на експериментирање туку уживате во проверени мириси, за вас се идеални нежни парфеми кои имаат “сладок” мирис. Пробајте ги оние парфеми со мирис на ванила.

Модни фанатици

Вам не ви недостасува храброст, па често експериментирате, како во менувањето на стиловите, така и во различните парфеми. Најдобро ви “лежат” егзотичните и раскошни мириси кои остануваат во просторијата и откако ќе си заминете.

Минималисти

Себе би се опишале како едноставни, шармантни и практични? Тогаш токму такви мириси и ви се омилени, па совршениот мирис ќе го пронајдете помеѓу оние парфеми со овошна или цветна нота.

Прегледи:
379
Објавено на:
23.08.2017