Категории

7 намирници со многу калории кои можете да ги јадете секој ден

Здравата исхрана се основа на врамнотежено внесување на различни видови на намирници. Притоа треба да се знае дека не само што некои калорични продукти смеат да се јадат, туку и топло се препорачуваат на секојдневна база. Заборавете на масната и пржена храна и посегнете по добрите калории кои доаѓаат од намирниците кои се богати со протеини.

Сирење

За произведување на еден калап сирење потребна е цела чаша млеко, па поради тоа овој производ е полн со хранливи состојки, како калциум, фосфор, селен и витамин Б12. Во еден калап сирење се крие нешто помалку од 7 грама протеин кој е неопходен за развојот на мускулите, правилната работа на мозокот и сите органи на телото. Неговата консумација особено се препорачува на луѓето кои избегнуваат месо и риба.

Јајца

Јајцето од кокошка е единствената намирница во светот која при приготвување не ја губи својата хранливост. Покрај многуте витамини и минерали, јајцето е одличен извор на омега 3 масните киселини кои го штитат срцето и кардиоваскуларниот состав. По уживањето во овие протеински бомби, подолго време се чувствувате сити, па затоа јајцето се смета како сојузник во слабеењето.

Риба

Медитеранската прехрана се смета за една од најздравите режими во светот, а се основа на консумација на евтина, но здрава риба како што се сардините. Студиите покажале дека луѓето кои јадат риба богата со омега 3 неколку пати неделно, генерално се поздрави и пореќни, имаат понизок крвен притисок и помал ризик од добивање хронични болести.

Јаткасти плодови

Бадеми, ореви, лешници и другите јаткасти плодови се одличен извор на витаминот Е кој оозможува еластична и здрава кожа. Во нив се наоѓа и значајна количина магнезиум кој тешко се апсорбира преку исхрана, а кој е многу важен во борба против секојдневниот стрес, односно здравјето на живците. Овој тип на протеин особено се препорачува за луѓето кои избегнуваат храна од животинско потекло како веганите.

Маслиново масло

Маслиновото масло е дар од природата и одличен сојузник на здравјето. Содржи добри масти (незаситени масни киселини) кои изобилуваат со витамин Е и К, како и со моќни антиоксиданси. Редовната употреба на маслиновото масло докажано штити од запаление, го намалува крвниот притисок и штити од болести на срцето.

Полномасен јогурт

Јогуртот е исклучително здрава намирница бидејќи содржи калциум кој ги штити забите и коските, а содржи и пробиотици кои го подобруваат варењето и штитат од болести.

Кокос

Кокосот е плод со највисок процент на заситени масни киселини воопшто (дури 90 проценти). Луѓето кои често го консумираат овој егзотичен плод, како и при подготовката на храната го користат маслото не се изложени на ризик да развијат кардиоваскуларни заболувања.

Прегледи:
1482
Објавено на:
22.09.2017