Не ни преостанува уште многу од оваа 2017- та година , но еве што треба да очекувате според хороскопскиот знак.
Овен
Дел од вашето срце сака да се откаже од личноста која ја сакате, но голем дел од вас не сака да го направите тоа. Свесни сте дека постојано се вртите во круг и си се лутите себеси поради тоа. Вашето срце сака едно нешто, а вашиот разум ви кажува да направите нешто сосема друго. Оставете работите да се случуваат сами од себе. Не се приморувајте на ништо, направете ги работите кога сте подготвени.
Сепак, потсетете се себеси дека го заслужувате најдоброто и не дозволувајте да добивате помалку од тоа што го заслужувате.
Бик
Во последно време се чувствувате изгубено. Не знаете дали патот по кој одите е вистинскиот. Во ред е да бидете збунети и несигурни. Следете ја таквата несигурност. Таа ќе ве носи полека по патот, каде ќе ви се разјаснат многу работи до крајот на годината. Но, не дозволувајте стравот од неуспех да направи да се плашите. Понекогаш, најтешкиот пат е оној кој носи најдобри работи и не носи онаму кадешто треба да бидеме. Можеби следните четири месеци од вашиот живот нема да бидат најдобрите, но тоа што ќе го добиете е најубавата награда за следната година.
Близнаци
Вашиот живот како да се промени целосно во 2017 година, и тоа на подобро. Многу промени – промени во врската, кариерата. Животни промени кои сами ги направивте, но и кои дојдоа како резултат на вашите напори од претходните ходини. Сите овие промени се страшни, но морате да признаете дека уживате.
Последните 4 месеци ќе ви помогнат да се пронајдете себеси, односно да добиете повеќе самодоверба за следната година. Нови идеи, нови луѓе. Многу убави работи.
Рак
Како би ја опишале 2017 година со еден збор? Нема да можете, бидејќи за голем дел од вас беше една од најлошите години досега. Но, ќе биде подобро.
Тоа што не беше толку убава, не значи дека нема да почнуваат да се менуваат работите. Есента и зимата носат убави работи, кои ќе ви помогнат да создадете убави спомени. Само издржете.
Лав
Вие сте првите кои ќе избегаат од врска од секаков вид. Мразите врски и секаков вид на врзување. 2017 ви донесе многу такви моменти, кога моравте многу да се потрудите да им покажете на другите дека не сакате ништо сериозно, но понекогаш и се замислувавте како би ви било да сте во врска.
Досегашните месеци не ви беа многу среќни и успешни, највеќе поради тоа што немавте енергија. Но, есента и зимата ви ја носат енергијата назад. Полни со убаво расположение, дури и кога нема да бидете во најдобро друштво ќе се смеете на сопствените шеги. Освен тоа, овие месеци ви носат и љубов која ќе сакате да ја задржите.
Девица
Во текот на 2017 година направите огромен чекор напред во вашата кариера и колку и да беше страшна таквата промена, ја издржавте. Последните 4 месеци ви носат исто така убави работи, но потребно е да научите да бидете горди на себеси и никогаш да не се откажувате од тоа што го сакате.
Кога станува збор за љубовта, се заљубивте во личност која не ви ја возврати љубовта и иако жртвувавте многу за оваа личност, сепак сте подготвени да ја заборавите. На прагот на новата година, веќе нема ни да се сеќавате на тоа.
1 2