Категории

Пенелопе Круз за магазинот Interview – “Не одговарам на прашања за стареењето”

Шпанската актерка Пенелопе Круз позираше за магазинот Interview и отворено одговори на бројни прашања кои и ги поставуваше нејзината долгогодишна пријателка и колешка Гвинет Палтроу.

43-годишната Круз, отворено изјави дека не сака повеќе да одговара на прашања за стареењето. “Речиси целата моја кариера ја поминав обидувајќи се да се направам себеси постара, поради различни причини. Новинарите ме прашуваа уште кога имав 22 години дали се плашам од стареењето, тоа е навистина лудо прашање за 22-годишна девојка.”, изјави актерката.

Таа сподели дека доста многу се промени после раѓањето на нејзината ќерка и нејзиниот син со актерот Хавиер Бардем.

“Јас уживам во староста, не ми недостигаат дваесеттите”, гордо изјави Круз.

Прегледи:
359
Објавено на:
09.10.2017