Категории

Божествена и романтична – есенската колекција венчаници на Viktor & Rolf

Данските дизајнери Viktor Horsting и Rolf Snoeren се познати по нивниот авангарден пристап кон модата. Последната и воедно трета колекција по ред венчаници како и што се очекуваше претстави неверојатни, гламурозни и диверзни креации.

“Со нашата есенска колекција венчаници сакавме да го помешаме нашето патување и истражување низ модниот свет и луксузните венчаници. Нашите скулптурирани дизајни се создадени со фокусот на познатите елементи како машни и буен тул, но генерално се по кое се препознава нашата работа”, рекоа дизајнерите.

За разлика од останатите дизајнери кои обожаваат да експериментираат со различните стилови, Viktor и Rolf останаа доследни на она во кое се најдобри. Венчаницитесе украсени со гломазни, впечатливи машни кои им даваат бајковит изглед. Меѓутоа главната инспирација ја пронајдоа во стилот од ’60-тите, а сето тоа заедно докажа зошто ова модно дуо се едни од најдобрите во својата работа.

Прегледи:
386
Објавено на:
15.10.2017