После 20 годишна кариера, броевите 8 и 24 со кои играше великанот на НБА лигата и еден најдобрите кошаркари кои заиграле за Лејкерси, Коби Брајант заминаа во пензија.
Вчеравечер на полувреме од натпреварот на емотивна свеченост во Стејпелс Центарот во Лос Анџелес беа подигнати двата дреса на Коби, 8 и 24, со што тој беше испратен од клубот на кој му беше верен цела своја кариера.
Меџик Џонсон го најави како „најголемиот кој го носел пурпурно златниот дрес“, за потоа да додаде дека 20 години го обединувал градот во една љубов – Лејкерси, а истакна дека е особено важно да ги запомниме блескавите моменти кои ги донесе на кошарката и дека „Нема никогаш да постои уште еден Коби Брајант.“
Несебничноста, упорноста, победата на стравот и секогаш да се стреми кон најдоброто, за себе и за своите соиграчи, се зборовите кои остануваат да ги кажат останатите по завршувањето на неговата 20 годишна кариера.
„Ја побаравме твојата игра, ти ни го даде срцето“ изјави Џини Бас, сопственичката и претседателката на клубот, и му се заблагодари што остана верен на пурпурно златната боја целата своја кариера.
Коби им се заблагодари на сите, и рече:
„Кога ќе станете рано и ќе работите напорно, тоа ве тера да останете до доцна и да работите напорно, дури и во оние времиња кога не чувствувате како да работите и сте премногу уморни и не сакате да се поттикнете, но вие го правите тоа, во секој случај, тоа е, всушност, СОНОТ. Тоа е сон. Тоа не е дестинација, тоа е ПАТУВАЊЕ.“