Категории

Еве како да се расоните за 60 секунди, полни со енергија

Една од најтешките работи кои секој од нас мора да ја прави во текот на зимските месеци е утринското будење. Олеснете си го будењето со помош на овие трикови…

Чаша вода

Се препорачува наутро на празен желудник да се пие чаша вода. На овој начин, телото се хидратизира и го поттикнува метаболизмот и поради тоа добивате дополнителна енергија.

Оддалечете го будилникот од креветот

Кога будилникот се наоѓа веднаш до вас, на дофат на раката, без разлика дали се работи за часовник или телефон со аларм, најчесто ќе го исклучите или ќе го одложите алармот. Затоа, оддалечете го будилникот од креветот и ќе бидете присилени да станете за да го исклучите. Откако ќе станете, веројатноста да се вратите повторно во креветот е многу помала отколку ако останете да лежите.

Тргнете ги завесите да влезе светлина

Пред спиење тргнете ги завесите за утрото да влезе светлината, бидејќи тоа може да биде навистина досадно и фрустрирачко, па бидејќи нема да можете да ја игнорирате светлината ќе сфатите дека е најдобро да станете од креветот.

Без алкохол и кофеин

Понекогаш по завршувањето на напорниот работен ден потребно е опуштање, а понекогаш тоа значи чаша вино или пиво. Но, доколку сакате да се разбудите наредниот ден одморени и свежи, заборавете на алкохолот и на кофеинот во вечерните часови. За почеток заменете го кафето и алкохолот со чај од камилица, или некој друг чај од билки и набргу ќе ги согледате промените на вашето тело.

Изгасете го телевизорот

Иако се чини неверојатно да заспиете без вашата омилена серија на телевизија, многу е важно да го изгасите телевизорот пред спиење. Истото важи и за лап топ и мобилен телефон, бидејќи сите електронски направи им отежнуваат на луѓето да се опуштат и да потонат во сонот. Наместо ова, читајте книга или списание.

Прегледи:
638
Објавено на:
22.12.2017