Категории

Сања Ристиќ после 24 години повторно го отпеа детскиот евергрин „Ех тој Тоше“

Сања Ристиќ заедно со Евгенија, Елеонора, Ирена, Наталија ги отпеаа повторно детските евергрини со кои пораснаа генерации, а сеуште се омилени на дечињата иако поминаа декади. 

Божиќнoто издание на „Еден на еден“ беше обележано со песните кои никогаш нема да се заборават, а некогашните деца – ѕвезди, сега израснати во успешни и реализирани дами го земаа микрофонот во рака и ја потсетија публиката на незаборавните стихови како „Кој си носи чадорче, не наврнува, сув поминува…“, „Дувна ветре развигорче“…

Сања после 24 години повторно го отпеа евергринот „Ех тој Тоше“, а одлични изведби имаа сите девојки.

Целата емисија можете да ја погледнете подолу, каде може да дознаете каде се и што прават денес овие деца – ѕвезди, како и ги слушнете како сега гледаат на минатото, нивните први настапи и како се справувале со „славата“ во тие детски години.