Категории

Погледнете како изгледа Бред Пит една година по разводот

Бред Пит изминатата година ќе ја памети како исклучително болна. Најмногу поради раздвоеноста од децата. Иако се посветил на кариерата и подобрувањето на својот живот, сеуште не е вистински среќен. Еве како изгледа неговиот живот една година по разводот со Анџелина Џоли.

Додека изминативе месеци имавме прилика многу често да ја гледаме Анџелина во друштво на своите деца, тоа не е случај и со познатиот актер. Тоа е така бидејќи старателството врз децата сеуште не е решено, иако живеат во истиот дел од Лос Анџелес на оддалеченост од 5 минути, ги избегнуваат блиските средби.

Извори блиски до славниот актер велат дека тој не излегува многу и дека поудобно се чувствува дома. Сака се да му е под контрола и на сигурно. Тоа е неговата нова животна филозофија.

„Тој сега води мирен живот и доста време поминува во својот дом. Тука го пронаоѓа својот мир. Поради тоа многу често реновира и постојано нешто менува.“ Покрај тоа, 54 годишниот холивудски заводник редовно ја посетува терапијата за одвикнување од алкохол. Бред оди на терапија секоја недела, а најмногу се ориентира на нови учења и навики за тоа како да биде што подобар човек и татко“, открива неименуван извор.

Прегледи:
428
Објавено на:
11.01.2018