По заминувањето од Белата Куќа веруваме дека поранешната прва дама, 53 годишната Мишел Обама, е порелаксирана и може да ги поминува деновите како сака. Па така таа и нејзината 19 годишна ќерка, Малиа, ужиуваа во топлото време на Мајами и денот го поминаа на плажа.
Иако помалата ќерка Саша и поранешниот претседател не беа со нив, тие изгледаат доста опуштено и во друштво со пријатели и секако, обезбедување. Првата дама може да се пофали со одличен изглед, облечена во бело бикини и шорцеви, додека Малиа која инаку е студент на престижниот Харвард црното бикини го скри со блузон.
Двете дами после денот поминат на плажа биле забележани како го напуштаат хотелот во кој престојувале.