Категории

Ова е девојчето кое се роди два пати

Во секојдневието, сосема нормално е да се раѓаат деца, но само по еднаш. Но, за ова мало девојче еднаш не било доволно, бидејќи било потребно да се роди два пати. Ова е нејзината приказна.

Ова е Линли Бумер

Ова девојче има една година и е вистинско чудо тоа што е на овој свет. Нејзината мајка, за време на бременоста добила многу лоши вести од својот доктор. Била во шестнаесеттата недела од бременоста кога докторот и соопштил дека нејзиното неродено дете има тумор на ‘рбетот. Оваа состојба значела дека животот на Линли е во опасност и мора да се преземе нешто.

Првото раѓање на Линли

Туморот ја пренасочувал крвта од мозокот на Линли. За да ја спасат, потребно било хирурзите да ја отворат утробата за да ја оперираат. Линли најпрво имала уште еден близнак, но набргу мајката го изгубила тоа дете. Таа била советувана да ја прекине бременоста комплетно, но не се сложила и продолжила да се надева на чудо. Туморот на Линли не бил воопшто мал, всушност, бил иста големина колку неа, па поради сето ова, шансите да ја преживее операцијата биле сведени на 50%.

Драматичен момент

Срцето на Линли престанало да работи во текот на операцијата. Таа преживеала благодарение на интервенцијата на висококвалификуван кардиохирург, но најпрво морала да биде извадена од утробата на својата мајка за да може да биде оперирана. По операцијата Линли била вратена во утробата на мајката и по 12 недели, Линли по втор пат дошла на овој свет со тежина од 2,5 килограми и сега е убаво и здраво дете кое нормално се развива.

Прегледи:
528
Објавено на:
18.01.2018