Категории

Исповед на повеќе жени: Ги изневерувавме мажите поради овие причини

Недостатокот на емоции, оддалеченост и страв од осаменост во иднина, се чести причини поради кои жените се впуштаат во афери. Ова се некои од исповедите на жени кои ги изневерувале своите мажи.

Не можев да го оставам поради децата

„Ме изневеруваше во повеќе наврати, а јас не можев да го оставам поради децата, па сакав да му вратам во иста мера спиејќи со некој друг. Го напуштив два месеци подоцна“.

Сакав да почувствувам емоционална поврзаност

„Да, го изневерував својот сопруг пред да се венчаме. Тоа не беше на физички начин, туку емоционално што исто така сметам дека е изневерување. Немаше потреба за тоа и се каам до ден денес. Имавме многу проблеми и поради се што се случуваше мојот маж си отиде. Не се гледавме преку една година и за тоа време имав друг. Потоа одеднаш се врати и јас повторно се одлучив за него. Почетокот беше убав, но потоа се вратија кавгите и недовербата, така што набргу прекинавме, а јас продолжив да се гледам со човект кој го запознав кога тој ме остави“.

Не бев во здрава и задоволувачка врска

„Го изневерив својот дечко пред многу години. Во своја одбрана, имав 19 години, а мојот тогашен дечко по неколку месеци призна дека е хомосексуалец. Така што очигледно е дека не сум била во здрава врска.

Се врати кај мене откако заврши со забавувањето

„Би го изеверувала сегашниот дечко бидејќи претходно ме остави за да може да излегува и да се забавува, а како му помина тој период, се врати кај мене. Само чекам вистинска прилика.

Една вечер ги помина сите граници

„Досега имам изневерено еден маж во мојот живот. Не беше добар кон мене и секогаш ме обвинуваше дека го изневерувам. Една вечер ме обвини дека ќе спијам со фотографот кој ме слика и си помислив – зошто да не. Тоа беше многу незрело од мене, н барем на тој начин одлучив да го оставам, а не да го лажам. Немам намера повторно да изневерувам“.

Прегледи:
609
Објавено на:
30.01.2018