Многу жени се чувствуваат несигурно поради своите колкови и се обидуваат да ги прикријат со одредени парчиња облека. Некои пак, не знаат да ги прикријат своите недостатоци на правилен начин, па така добиваат спротивен ефект.
Овие три парчиња облека со сигурност визуелно ќе ги намалат колковите.
Елегантни панталони
Лесните ткаенини и паметно поставените џебови на елегантните панталони, како што се оние со линија, не само што ќе ги намалат колковите, туку во нив и нозете ќе ви изгледаат потенки.
„Молив“ здолниште
Овој класичен крој на здолниште, кое никогаш не излегува од мода, им ласка на вашите колкови повеќе и подобро од било кое друго парче облека. Бирајте модели кои паѓаат до колениците и не се стеснуваат премногу на крајот. Рамниот или ѕвонест крој е најдобриот избор за девојките со широки колкови.
Свила
Најголема предност на свилените, но и сатенските парчиња е всушност тоа што паѓаат на телото. Лелеавата и проѕирна ткаенина лесно ги прикрива сите критични зони, а исто така ја издолжува целата силуета. Фустани, панталони и здолништа од свила се апсолутно најдобар избор за сите девојки со заоблени фигури.