Секој од нас сонува да има среќен живот. Но, што се подразбира под „среќен живот“ и што треба да направиме за да го уживаме?
Да се има среќен живот значи да се биде опркужен со луѓето кои ги сакаме и ни значат, да уживаме во работата која ја работиме, да правиме работи кои не исполнуваат и не прават среќни.
Но, не секогаш сме среќни. А постои ли подобар начин да заборавиме на тагата од правење шеги на своја сметка?
Луѓето коишто имаат тенденција често пати да прават шеги на своја сметка и да ги нагласуваат своите недостатоци, немаат ниска самодоверба, ниту пак се склони кон депресија. Смеењето е наједноставниот лек за подобрување на физичката и менталната состојба.
Затоа, сите треба да знаеме како да го користиме ова моќно оружје кое е лек за нашето здравје.