Категории

Погледнете кога треба да го имате последниот оброк во денот

Повеќето од нас, до крајот на денот имаат внесено неколку илјади калории. Многу често се случува во текот на ноќта да продолжиме со грицкање чипс, житарици, остатокот од вечерта, а потоа се соочуваме со грижата на совест поради тоа што не сме можеле да се воздржиме, бидејќи сме свесни дека тоа е периодот од денот кога внесените калории најтешко се согоруваат.

Според нутриционистите, делот од ноќта кога треба да пресстанеме с внесување храна, зависи од времето на легнување. „Потребни се три часа за да се свари вечера која содржи 600 калории која вклучува протеини, јаглехидрати и зеленчук.“ „Барем 2 часа пред одењето во кревет престанете со јадење“.

Затоа, доколку почувствувате екстремна глад пред спиење, на пример во 22 часот, измијте ги забите, бидејќи макароните и сирењето не се толку вкусни со вкусот на пастата за заби во устата.

Прегледи:
570
Објавено на:
06.03.2018