Категории

#365среќа Марија Костуранова, сопственичка на „Диоптра“: „И по 25 години работам со љубов како од првиот ден“

Јасната перцепција на се она што не опкружува е од особено значење за секој од нас. Грижата за очите никогаш не треба да биде занемарена, а особено кога на располагање имаме професионалци во таа област кои преку својата најсовремена апаратура веднаш го забележуваат и најмалиот проблем.

Покрај потребата за очила поради проблеми со видот, од друга страна, адекватните очила за сонце исто така се голем фактор во заштитата на очите, а покрај тоа претставуваат и значаен моден додаток.

Кога зборуваме за докажан и изграден бренд за очила во нашата земја, тогаш сигурно мислиме на „Диоптра“. Доказ за лидерската позиција во оптиката на „Диоптра“ се најпознатите брендови кои се застапени во нивните продажни места. Очилата на „Диоптра“ може да ги најдете дури на пет локации во Скопје и една во Струмица. Минатата година се отвори и луксузниот „Dioptra Couture“ салон на Плоштадот Македонија, каде што покрај разноликоста на очила, „Dioptra Couture“ располага со јапонски софтвер на ID оптички леќи (Hoya Eye Genius) кој е застапен за прв пат во Македонија.

Во рубриката #365среќа особено значајно место имаат успешните жени кои имаат голема улога во бизнис сферата. За таа цел, за меѓународниот ден на жената, 8-ми март, особено задоволство ни претставува интервјуто со Марија Костуранова, сопственичка на „Диоптра“.

1. За почеток, би Ве запрашале која е Марија Костуранова приватно, надвор од професионалните обврски?

– Марија приватно е мајка на близначки, секогаш растргната на 100 страни, вљубеник во патувањата, уметноста, модата.

2. Како започна приказната наречена „Диоптра“ и колку е тешко да се одржи и развива брендот низ годините?

– Приказната „Диоптра“ започна пред 25 години кога по враќањето од Загреб, Хрватска, единственото насочено образование по оптика во поранешна Југославија, одлучив во Струмица – моето родно место, да ја отворам мојата „розева“ оптика. Од првиот ден целта беше секој да добие совршен вид, но и совршен изглед. Уште тогаш, доаѓаа луѓе од цела Македонија во мојата оптика, поради тоа што немаше таков избор на ниедно друго место. Од 2000-та година приказната продолжи и во Скопје, па се до ден денес на шест локации. Се трудиме да бидеме свои и мило ми е што ги пратиме сите новитети во поглед на оптиката и оптометријата.

3.  Патот до успехот никогаш не е лесен и едноставен, а покрај тоа бара голема пожртвуваност и посветеност. Како успевате да ги усогласите професионалните обврски во секојдневниот живот?

– Како што веќе споменав со „мултитаскингот“ и со многу одрекувања, но кога се сака се се може. Децата ми ја даваат сета сила за професионалните обврски иако понекогаш знаат да кажат дека професионалните обврски можат да почекаат и да одиме во кино, (хаха). Се трудам да балансирам и да не дозволам едната страна да натежне премногу. Патот до успехот не е лесен, но кога се работи со љубов и кога се има визија и цел ништо не е тешко.

Низ годините сум работела и по 20 часа, сум пишувала трудови и скрипти до 5 наутро, а во 8 часот веќе сум патувала до Штип за да ги одржам вежбите по оптометрија, за потоа да се вратам во 16 часот и да бидам во Оптичко до 21 часот. Сум знаела од работа да заминам на конференција и притоа да имам предавања пред широк аудиториум. Секогаш сум во трка, но да бидам искрена и често доцнам поради недостиг на време од долгата листа на обврски.

 

4. Со оглед на тоа дека важите за успешна и реализирана жена со јасно одредени цели во животот, која е вашата дефиниција за среќа?

– Среќа е да си со вистинските луѓе на вистинско место, во вистинско време или жаргонски кажано да ви се поклопат коцките. Среќа е и да се радуваш на ситниците и убавите моменти. Мене најголема среќа сеуште ми е задоволното лице на пациентите со специфичен проблем или висок диоптер, или кога ќе ми кажат дека сум придонела и да се чувствуваат поубаво. Неодамна бликав од радост кога една госпоѓа со оштетено око со корекција со простетска леќа прв пат после 10 години се насмевна и ме гушкаше од неизмерна среќа. Исто така, се чувствував прекрасно кога еден господин со корегиран диспаритет ми кажа дека „светот му е во поинакви бои и поубав“. Тоа е неизмерна среќа. Јас и после 25 години работам со многу љубов исто како и првиот ден.

5. „Диоптра“ од година на година се повеќе се зацврстува на лидерската позиција во оптиката, постојано презентирајќи ги најновите светски трендови од најпознатите брендови во светот. Од вашето досегашно искуство, колку нашите граѓани посветуваат внимание за грижата на своите очи и што е она што би можеле да го очекуваат во иднина од вас?

– Се трудиме да ги пратиме сите светски новитети и токму затоа сме лидери не само во Македонија туку и во регионот. Ќе продолжиме со новитетите затоа што веќе и нашите клиенти и конкуренцијата тоа го очекува од нас. Наметнавме највсоки стандарди и мора да ги следиме. Тренд во оптиката претставуваат персонализираните оптички леќи и рамки или освен вашите посебни потреби да го имаат и вашиот карактер. Ние се трудиме да ги задоволиме сите вкусови. Во поглед на оптичките леќи исто така сме уникатни и посебни зашто со помош на „Eye Genius“ добиваме совршена корекција калкулирана и вградена во оптичките леќи.

Периодов спремаме многу изненадувања и уникатни презентации. Минатата година успеавме да ги донесеме светски познатите Christian Roth и Eric Domege со ревијата во нашиот салон „Dioptra Couture“ на плоштад Македонија. Добивме комплименти за најдобро организиран настан на светско ниво. Слични настани но, на друг начин ќе имаме во мај/јуни. За новостите ќе бидете навремено информирани, но најважно од се, ние се трудиме светот да го донесеме кај нас и да го оплемениме и разубавиме секојдневието.

Прегледи:
1306
Објавено на:
08.03.2018