Категории

Нина Ред заедно со наши успешни и докажани жени во инспиративното видео “Woman’s Power Movement”

Поранешниот новинар на “Backstage”, Николина Славковска или позната на Инстаграм како Ninna Red (@ninnared) вчера објави мотивационо видео “Woman’s Power Movement” како дел од нејзината кампања во пресрет на денот на жената.

Покрај нејзиното појавување во видеото, поддршка за иницијативата изразија Александра Илиевска, Ирена Спировска, Соња Алексовска Неделковска, Мерсиха Смаиловиќ, д-р Ксенија Јанкова, сопственик на ординацијата “Denta Lux”, Елена Николовска, сопственик на фризерското студио “Social Hair Salon”, Ксенија Николова, Ивана Балабанова, танчерка и сопственик на танцувачкото студио “Beatrix” и младата балерина Бојана Арсовска. Потпис зад ова видео остава режисерот Зоран Стојановски – Зонде, чии модни видеа му ги отворија вратите во светската модна индустрија со објавување на неговите видеа на Fashion TV.

Како поддршка на оваа идеја изразија Skopje City Mall со пуштање на видеото по тотемите и телевизорите низ текот на целиот вчерашен ден, како и скопските кафулиња Juicy bar и caffe Trend.

Имено, кампањата “Woman’s Power Movement” започна од 04.03.18 со објавување на најавното мотивационо видео, кое исто така, премиерно се пушти во Skopje City Mall.

Прегледи:
1415
Објавено на:
09.03.2018