Сигурно досега во повеќе наврати сте слушнале дека медот е добар за срцето. Комплексниот состав на медот му овозможува да го храни и штити нашиот организам, а особено срцето како најважен орган во него.
Шеќерот не е здрав, но медот е. Ова е важно поради фактот што и луѓето на кои им е забрането да јадат благо или имаат тешки оболувања, можат да го консумираат овој природен производ.
Стабилизација на срцевиот ритам
Медот има многу комплексна нутритивна содржина која допира до срцевиот ритам. Затоа се препорачува кога ќе почувствувате лупање на срцето, земете една лажица мед и изедете ја. На тој начин ќе го стабилизирате срцевиот пулс, а за оние кои веќе патат од хронична аритмија, се советува да јадат по една лажица мед секој ден пред оброкот.
Зајакнување на срцето
Ккао старееме, се повеќе треба да внимаваме на своето здравје, а особено на нашата „пумпа“ која работи за нас без престан уште од мајчината утроба. За да биде нашето срце што подолго здраво и да ради беспрекорно, лекарите препорачуваат медот да се консумира на дневна база секоја вечер пред спиење.
Подобра циркулација на крвта во срцето
Недостатокот на циркулација во срцето може да предизвика срцето да не испумпува крв на правилен начин низ телото. За да се поправи крвната циркулација во срцето, потребно е да консумирате по 3 лажици мед дневно.
Намалување на количината на холестерол во срцето
Доколку во срцето се пронајде холестерол, тој е виновникот за запушување на голем дел од коронарните артерии, што е главна причина за појавување на болестите на срцето. За да се исчисти холестеролот од крвните садови, пожелно е да се консумира мед три пати на ден по јадење.
Превенција од срцеви болести
Било која болест на срцето е хронична и најчесто многу тешка, а кога ќе се случи, исто така е многу тешка за лечење. За да го избегнете тоа, консумирајте една лажичка мед на ден како превенција.