Категории

Се бараат 4 кандидати за работа од соништата: За 3 месеци низ Европа добиваат по 5 600 евра

Туристичката агенција „Бјузбоут“ нуди работа од соништата за сите оние кои уживаат во патувања и социјални мрежи.

Имено, компанијата бара четири стручњаци за социјални мрежи кои бесплатно ќе патуваат и ќе ја истражуваат Европа. Избраните ќе имаат можност 3 месец да патуваат низ Европа, а единствен услов е се она што ќе го видат и забележат да го објават на интернет. Агенцијата бара блогер, влогер, инстаграм и снепчет ѕвезда, а тие ќе бидат избрани врз основа на талентот за креирање содржини.

Одбраната четворка ќе ја истражува Европа три месеци, од јуни до септември 2018 година. Секој член од тимот ќе доживее авантура вредна 5.600 евра, ќе има платено сместување, а на крајот на патувањето ќе добие бонус и повратна авионска карта до Велика Британија.

Во текот на оваа тримесечна авантура ќе ги посетат некои од најпознатите места во Европа, како што е островот Блед, Краков, Сан Себастијан, делови од Австрија и ќе се запознаат со убавините на Швајцарија. Исто така ќе поминат и низ Србија, а најубавиот дел од патувањет е седумдневно крстарење во Хрватска.

 

Прегледи:
408
Објавено на:
11.03.2018