Категории

“Жени претприемачки” и избор за “Жена на годината 2022”

На 14 декември оваа година, ќе се одржи конференцијата “Жени претприемачки” во чиј склоп по трет пат ќе се доделат и лауреатитие од изборот “Жена на годината” за жените кои ја одбележаа годинава што изминува. 

Настанот чија главна мисија е да ја слави ЖЕНАТА, ќе се одржи во “Музејот на македонската борба” во Скопје и во конференцискиот дел е предвидено да учествуваат неколку гости презентери кои пред присутните ќе говорат на специфична тема во афирмација на жените во бизнисот и жените воопшто, нудејќи сопствени знаења, искуства и совети од различни бројни животни и бизнис ситуации.

Имињата и темите на овогодинешните говорници може да се следат на ФБ страната: https://www.facebook.com/pretpriemachki , каде редовно се објавуваат новости поврзани со настанот.

Билетите за присуство за настанот се со цена од 3.000 денари (1+1 гратис)и ќе може да се купат најкасно до 10.12. или на следниве начини:
– На фактура пратете маил на: [email protected] или
– Директно на трансакциска сметка: 210-067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на конференција Жени претприемачки)
Прегледи:
375
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
30.11.2022