Категории

Лек стар 3.500 години: Рецепт за чај кој лечи од преку 14 болести

Иако денес, од дрвото на маслинката најпопуларен е плодот, многумина не знаат дека на стеблото на маслинката ообено лековит е листот кој крие бројни лековити својства, а најзначајно соединение на листот на маслинката е олеуропеинот, кој поседува особено антибактериско својство.

Со маслиновиот лист се подобрува здравствената состојба во голем број на болести: дифтерија, чир на желудник, маларија, ботулизам, атеросклероза, синдром на хроничен замор, херпес, хепатитис Б, менингитис, грип, туберколоза, гонореја, запаление на плуќата…

Освен што помага во борба против горенаведените болести, овој чај ќе го подигне вашето ниво на енергија и ќе го ојача вашиот имунолошки систем. Може да го консумирате кога сте под стрес и сакате да се опуштите, а одличен е за користење по третманот на хемотерапија.

Состојки:

  • 15-20 суви лисја од маслиново дрво
  • 2-3 дл врела вода

Подготовка:

Лисјата треба да се соберат во текот на пролетта и да се исушат надвор. Кога добро ќе се исушат, ставете ги во тегла и чувајте ги на ладно место. Потребни се околу 15-20 лисја за овој чај.

Ставете ги листовите во превриена вода и варете ги 10 минути. По 10 минути извадете ги и оставете ги да се оладат 15 минути. Слободно додадете лимонов сок или мед да го збогатите вкусот. Консумирајте го чајот неколку недели по ред и ќе ги почувствувате неговите благодети.

Прегледи:
423
Објавено на:
12.03.2018