Категории

Раскинување на врската полна љубов, по цели 10 години, ја направи убавицата да изгледа бедно

По целосна деценија, љубовта е завршена…

Бразилскиот врвен модел Алесандра Амброзио ја прекина врската со својот свршеник Џамием Мазуром по десет години љубов, пишува Us Weekly. Оваа љубов, за која многумина веруваа дека никогаш нема да заврши, започна во 2005-та година,и иако врската никогаш не беше легализирана, се чинеше дека е сосема идилична. Двојката за десет години доби две деца, деветгодишна ќерка Ана Луиз и петгодишниот син Ное Феникс.

Откако светот дојде до веста за овој распад, Алесандра била забележана во Брентвуд пред да замине на часови по јога. Тага, грижи и незадоволство се јасно видливи на лицето на убавиот топ модел, во спротивно на насмевката што и беше главната декорација. Нема сомневање дека поминува низ најтешките денови на животот, а раскинувањето беше претешко и за двете деца.

 

Прегледи:
399
Објавено на:
19.03.2018