Блескава кожа и изедначен тен е идеал за секоја жена, но често е вистинско мачење да се пронајде потребната текстура и боја на пудра.
Таканаречениот „no make up look“ одамна е светски тренд број еден, а основен чекор за да дојдете до него е изборот на совршена пудра. Со помош на овие 4 чекори ќе го избегнете неприродниот изглед на лицето:
Основа
За да изгледа вашата шминка свежа и да ја истакне вашата убавина, а не недостатоците, користете хидратантна крема. Откако кожата ќе ја впие, нанесете подлога за пудра.
Течна пудра
Наместо тешка пудра која ги затвора порите и создава ефект на маска за лице, обидете се со гел пудра. Лесна е, може да се нанесе и со прсти, но за најдобар ефект се препорачува да користите четка или сунѓер. Пудрата со ваква структура ќе го изедначи вашиот тен, без создавање ефект на маска, а делува ммногу природно.
Коректор
Никогаш не ја затрупувајте кожата со слоеви пудра доколку сакате да ги прикриете подочњаците, акните и останатите неправилности. Користете коректор на местата каде што е потребно. Најдобри резултати ќе добиете ако го нанесете со тапкање, а не со размачкување.
Камена пудра
Последниот чекор е фиксирање на тенот, а тоа најдобро ќе го направите со пудра во прав или камена пудра. Бидете внимателни кога станува збор за нијансата, а внимавајте и на количината – доволно е производот благо да го поминете со четката и со нежни движења да го нанесете на лицето.